На 25.09.2023 во 20.35 часот на ул.„Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 39 годишно лице од Охрид.

Околу 20.20 часот во казино на истата улица тој се однесувал агресивно, истурил бензин и се обидел да предизвика пожар, но бил спречен од вработените и сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 25.09.2023 околу 18.00 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од Полициската станица Кичево лишиле од слобода 31 годишно лице од Охрид.

Кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава информираат од МВР.

OhridNews