Пријавен физички напад и агресивно однесување во два одделни случаи во СВР Охрид.

На 28.09.2023 во 11.35 часот во СВР Охрид, 68 годишно лице од Охрид пријавил дека на ул. „Димитар Влахов“ во Охрид бил физички нападнат од лице од Охрид. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

На 28.09.2023 во 15.05 часот во СВР Охрид, од средно училиште во Охрид било пријавено дека околу 12.00 часот во дворот на училиштето, лице од с.Велгошти се однесувал агресиво и недолично кон две ученички во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews