Ноќеска во 02.55 часот, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен бил 33-годишен жител на  охридското село Пештани.

Тој е затекнат при употреба на кокаин, а при извршен преглед кај него се пронајдени и одземени предмети со остатоци од кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Вчера, пак, во 17.00 часот полициски службеници лишиле од слобода 40-годишно лице од охридското село Пештани.

Тој, претходно во атарот на истото село е затекнат по извршено кривично дело „незаконит риболов“, а при претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, пронајдени се и одземени 45 парчиња риба белвица, рибарски мрежи и друг риболовен алат. За настанот известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.

На 09.12.2023 година во 04.45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на Т.Ј.(79) од Кичево, настанал пожар. При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.

На 08.12.2023 година од 08.00 до 14.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 81 возач, коишто управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-20, Струга- 14, Кичево- 43, Дебар- 04).

OhridNews