Вчера попладне во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишен државјанин на Велика Британија и патничко возило „Опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 28-годишен жител на битолското село Буково.

Со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле двајца патници од возилото „Опел“ додека кај возачот на возилото „Сузуки Витара) и уште две сопатнички во возилото „Опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди. По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 19.09.2026 во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Радолишта, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од жител на селото врз 47-годишен соселанец.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кокаин и гранки и семки од растението канабис, по што тој е лишен од слобода, соопшти Димоски.

OhridNews