На 05.11.2026 година во 23.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон 54-годишно лице од Охрид.
По тоа со стаклен предмет извршил оштетување на неговото возило „Форд“. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе следи соодветен поднесок.
На 06.11.2026 година во 04.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 24-годишно лице од Охрид, паркирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, избувнал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
На 06.11.2026 година во 01.10 часот, на регионалниот пат Струга-Охрид, лишено од слобода е 56-годишно од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, му констатирале 2,06 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.11.2026 година во 22 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, лишен од слобода е 18-годишно лице од струшкото село Радолишта.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Голф“ со струшки регистарски ознаки кое тој го управувал и притоа, констатирале дека немал положен возачки испит. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.11.2026 година во 15.45 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, лишено од слобода е 45-годишно лице од струшкото село Калишта.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки кое тој го управувал и притоа, констатирале дека против него изречена е активна забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 34-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во текот на 2025 година, на катарстарска парцела во државна сопственост лоцирана во населбата „Езерски лозја“ на крајбережјето на Охридското Езеро, узурпирал државно земјиште и без соодветна дозвола издадена од надлежен Државен орган, изградил покриен шанк, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












