На 01.11.2026 во 16:40 часот на улица „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 22-годишно лице од Охрид.

Тој во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата мајка и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 02.11.2026 во 01:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека 44-годишно лице од Охрид, во семејниот дом бил физички нападнат од лице од Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава..

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“ по член 198 од Кривичниот законик.

Пријавената го сторила делото на 09.10.2026, кога навремено и според договорот не ја вратила малолетната ќерка на нејзиниот сопруг, на кого била доделена за грижа, издржување и воспитување, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews