Ноќеска во 00.49 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, лишен од слобода бил 40-годишен жител на Скопје.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „ауди“ кое, тој го управувал и, при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,20 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, одземено е неговото возило и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „БМВ“ со охридски регистарски тблици кое, тој го управувал и, при извршено алкотестирање, кај него констатирале 1,68 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
Во СВР Охрид вчера стигнала пријава за инцидент што се случил претходната вечер.
На 06.11.2026 година во 23.40 часот, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, охриѓанец физички нападнал 19-годишен сограѓанин. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.
Синоќа во 23.45 часот, на улица „Абас Емин“ во Охрид, лишен од слобода бил 32-годишен жител на Охрид.
Тој претходно бил пријавен дека во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews











