На 27.09.2023 во 11.20 часот во СВР Охрид, 55 годишна жена од Охрид пријавила дека била физички нападната.

Жената околу 10.35 часот на работното место во основно училиште во Охрид била физички нападната од  мајка на ученик во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

На 27.09.2023 во 18.10 часот во СВР Охрид, малолетник од с.Велгошти, охридско, пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

На 27.09.2023 околу 18.40 часот во с.Велгошти, охридско, полициски службеници од СВР Охрид привеле 44 годишно лице од истото село затоа што се однесувал агресивно и го нарушил јавниот ред и мир. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews