На 05.08.2026 во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода две лица на возраст од 50 и 46 години, двајцата од Охрид.

При претрес во домот на едно од лицата,  извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на другото лице, извршен исто така со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, шприц исполнет со кафеава материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 5 август во 14:30 часот во струшкото село Радоджа, од слобода бил лишен 56-годишен државјанин на Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ согласно член 350 од Кривичниот законик.

Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава, соопшти Димоски.

Вчера  во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 26-годишен скопјанец.

Тој, за време додека користел отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена содветна пријава, информира портпаролот Димоски.

OhridNews