По повод меѓународниот ден на мајката 12-ти мај, Женски центар „Бисера“ објави награден конкурс за литературни и ликовни детски творби на тема „Мајка“, наменет за учениците од охридските основни училишта.

Литературните и ликовни детски творби може да се достават во канцеларијата на Женски центар „Бисера“, улица „Димитар Влахов“ бр.8, од 11 до 13 часот од понеделник до петок.

Конкурсот ќе трае до 8-ми мај.

OhridNews