Народен театар Охрид започнува со подготовките за новата новогодишна претстава „Битката за Мразово“, по текст и во режија на Ирена Стеријовска. Во рамките на проектот, театарот објави јавен повик за аудиција за избор на младо актерско име кое ќе ја толкува главната улога – детето под среќна ѕвезда.

Од театарот информираат дека сите заинтересирани кандидати можат да се пријават преку испраќање пријава на е-маил адресата: [email protected].
Избраниот кандидат или кандидатка ќе има можност да биде дел од професионален процес и едномесечни подготовки со ансамблот на театарот, сѐ до премиерата и претстојните репризни изведби на претставата.
Дојди на аудиција. Можеби токму ти, си детето под среќна ѕвезда, порачуваат од Народен театар Охрид.
OhridNews











