Единица на граничната полиција при вршење патрола ноќеска, во водите на Охридско Езеро, во близина на с.Калишта пронашла 70 рибарски мрежи  и 224 парчиња риба, белвица.

Пронајдениот риболовен алат и риба  е одземен и предаден за понатамошна постапка, а во тек се мерки за утврдување на сопственикот на риболовниот алат.

OhridNews