Од своето осамостојувањето Македонија на Олимписките игри во Лондон ќе ја има најмалата спортска експедиција. Анализите каде погрешија македонските спортисти може да започнат пред уште Игрите во Лондон да стартуваат.

– Обично сите анализи се прават после завршувањето на ваквите натпреварувања, но ние во Македонија сме во ситуација тие да ги направиме и пред време. Сите треба да се запрашаме зошто спаднавме на ова дереџе, секоја федерација треба да се преиспита зошто имаат спортисти на вака ниско ниво, не се оградувам од тоа дека нема одговорност и од МОК бидејќи знаете дека секој спортист кога ќе премине некое ниво, за него се грижи МОК .Ова беше направено и за оваа Олимпијада, ние пред 18 месеци обезбедивме десет стипендии за десетте најдобри спортисти во индивидуални спортови, кои мислевме дека голем дел од нив ќе обезбедат резултат и пласман на Олипмијадата. Но и од тие од кои најмногу очекувавме , борачите Дејан Митров и Дејан Богданов не успеаа на квалификациите , двајцата наши боксери Вели Мумин кој беше трет на европско и Примислав Димовски кој беше петти на светско првенство , кајакарот Атанас Николовски кој беше прогласен за спортист на 2011 година, иако беше седми на СП и беше наш сигурен кандидат, дури очекувавме негов солиден настап и борба за медал на Олимпијадата, меѓутоа и тој не ги помина квалификациите и затоа дојдовме да патуваме со 4 спортисти, со т.н вајлд карти – рече Богоевски при посетата на олимпијците во Охрид.

Недостига стратегија според која ќе се знае од напред кои спортисти и кои спортови ќе се форсираат и ќе се вложува во нив.


– Ние имавме собрание на МОК на кој дадаов предлог за наредните два циклуса, за првиот циклус кој започнува после оваа Олимпијда и наредната во Бразил да се направат листи со потенцијалните кандити, сите ние треба да вложиме во нив и да очекуваме од нив обезбедување на норми за пласман на Олимпијдата. Вториот мој предлог е да се отвори книга на податоци во која ќе се води евиденција за спортисти од уште помали години, кои ќе имаме шанси да ги направивме да станат врвни спортисти. И нормално со нив да се направи селекција на тренери кои ќе работат со нив, не само да ги праќаме спортистите туку и тренерите на усовршување, бидејќи без добар тренер не можеме да направиме и добар спортист. Тоа е едно комплесно прашање кое мора да се реши и во матичната федерација. МОК нема право да им се меша во работата на федерациите кои треба да изготват стратегија сами за себе, меѓутоа индиректно сме заинтересирани за резултатите кои ги постигнуваат – рече Богоевски.


И од АФМ најавуваат стратегија која во иднина ќе ни донесе повеќе медали и повеќе учества на големите натпреварувања.

– Ние имаме направено стратегија за развој на спортот 2012-2016 година, каде ги селектираме атлетичарите кои носеле медали и постигнувале забележителни резултати на балканските натпреварувања. Потоа заедно со МОК, најдобрите да ги испратиме на дообука во Германија, Фрнација, Италија земји со кои имаме соработката и потоа да се надевем дека ке почнеме да освојуваме медали на балканските првенства а на европските и светските натпреварувања да настапуваме со постигнати норми – рече новиот претседател на АФМ , Крсте Серафимоски.

М.П.