По повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“, на 04. јуни 2017 година (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

На 05. јуни (понеделник), со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Духовден“ (втор ден) во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.