Доколку Обединети за Македонија дојде на  власт ќе формира независна меѓународна комисија која ќе го испита имотот на сите политички функционери во Македонија, како и каде исчезнале 20 милијарди евра капитал од македонската економија во изминатите 10 години, најави лидерот на партијата Љубе Бошковски на митингот што синоќа се одржа во Струга.

Тој нагласи дека Обединети за Македонија има за цел да ја врати надежта на македонскиот граѓанин и да му обезбеди сигурна иднина.

–  Токму затоа ја напишавме програмата на Обединети за Македонија која  е резултат на илјадниците километри кои во изминативе три години ги поминавме шетајќи низ земјата, рече Бошковски, додавајќи дека партијата ќе ги исполни дадените ветувања.

Претседателот на Обединети за Македонија истакна дека најмалку 20 проценти од буџетот на државата ќе се одвојува за капитални инвестиции, изградба на патишта и фабрики и за отворање на нови работни места. Тој најави реформи во судството и бескомпромисна борба против криминалот во земјата.

OhridNews