Недостаток на лекови, недостаток на терапија, немање протоколи на лечење, здравствени работници без заштитна опрема се само дел од проблемите и хаосот којшто се случува во здравството, истакна денеска на прес конференција пред влезот на Општата болница во Охрид.

Доколку за Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ и Министерството за здравство инвестициите во здравството им беа приоритет наместо лажниот ПР сега изградбата на модуларната болница ќе беше завршена и болницата во Охрид подготвена ќе го дочекаше есенскиот бран од коронавирусот. Поради неспособноста сега одделенијата од Општата болница се адаптирани во ковид центри, целата болница постана ковид центар исто како и Кардиолошкиот центар иако луѓето со кардиоваскуларни заболувања се најкритични. – рече Божиноски.

Тој посочи дека за разлика од нашата земја, Србија до сега направила два ковид центри.

Што направивија тогаш луѓето од власта? Болничките капацитети се преполни, хронично болните ги ставивте во ризик, медицинскиот кадар е исцрпен и бројот на заразаени медицински лица е сè поголем. Граѓаните се оставени самите на себе, а како власт воопшто не покажувате интерес и грижа за нивното здравје. Затоа што не можете да се носите со проблемите треба да понесете директна одговорност. – обвини портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид, Перчо Божиноски.

OhridNews