Злоупотребата на државни ресурси во изборната кампања за Георгиески стана навика. Дрско и лицемерно е на партиски прес денеска да се појави со службеното возило. Замислете и тоа прес за Кејот, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

  • Георгиески да признае дека средствата за Кејот се пропаднати, а не да ги лаже охриѓани. Вината за очајна состојба треба да ја признае. Дали Георгиески мисли дека со лажните градежни зафати ќе го нашминка градот и ќе ги купи гласовите на охриѓани? Со камиони сега ќе ги натерате да заборават на црнилата, маките и тешкиот живот? Охриѓани имаат добра меморија и добро се сеќаваат што вети СДСМ и знаат дека речиси ништо од тоа не е реализирано. После повеќе од година и половина се чекаше, сега пред избори машините да работат, рече Божиновски.

Побара одговор на прашањето-дали ова се ветените проекти или само ситни зафати што е обврска на Локалната самоуправа кон граѓаните?

  • Врз основа на кои проекти и одобреенија работи сега? Немате ниедно одобрение и затоа работите ноќе и во темница. Господа од СДСМ, никој повеќе не паѓа на ефтини финти.Свесни за слабиот рејтинг и поразот на изборите сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти. Кочницата за убав град се СДСМ и Георгиески, рече Божиновски.