Црвен крст Охрид го организира првиот Бреинобреин демо фест на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини, Бреинобреин-Црвен крст Охрид.

Преку 100 деца на возраст од 4-14 години на атрактивен и креативен начин ќе ги презентираат знаењата, техниките и вештините кои ги стекнале и развиле со следење на Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат  фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот.

Настанот ќе се одржи во предворјето на црквата Св.Софија, со почеток во 19 ч. 

OhridNews