Селекцијата на Македонија нема да бидел од Мундијалот во Египет следната година, откако ИХФ не и додели специјална карта за учество. ИХФ под се уште неразјаснети критериуми ја извиси нашата земја и вајлд картите ги распореди за Русија и Полска, кои беа далеку зад Македонија на последното Европското првенство.

Немам објаснување за одлуката. Ова е преседан со кој е нанесана голема неправда кон Македонија и ракометот во нашата земја. Ако се одлучи да се откажат баражите и мерило да биде пласманот на последното европско првенство, не може потоа за вајлд-карти да се изберат репрезентации што биле 21. и 22. на тој шампионат, а да се заборави на Македонија. Ние имаме и квалитет и континуитет, но и пласман на ЕП 2020 со кој заслуживме да бидеме дел од овој светски шампионат. – рече селекторот на Македонија, Данило Брестовац.

Селекторот Брестовац се уште верува во учество на СП, затоа што има уште две вајлд карти кои може ИХФ по свој избор да ги распореди. Но тој рече дека нема биде крај на светот ако Македонија не игра на СП, туку тој период на пауза да се искористи добро и да се направи чекор напред.

„Црвено жолтите“ три Мундијали во серија играа на самата завршница, а вкупно имаат пет учества на собирот на најдобрите светски ѕвезди.

OhridNews