Во екот на пандемијата од вирусот Ковид 19, од кој според евиденцијата на „Ворлдметар“ во светот до сега заболеле над 2 милиони луѓе, САД, кои се најпогодени од здравствената криза, го прекинуваат финансирањето на Светската здравствена оргаизација – СЗО.

Имено, претседателот Трамп смета дека СЗО потфрлила во справувањето со пандемијата и не го поредупредила светот соодветно за опасноста при појавата на вирусот во Кина. Тој соопшти дека и издал наредба на администрацијата во Белата куќа да го запре финансирањето на СЗО.

Во меѓувреме бројот на починати од Корона 19 во светот надмина 126.000, од кои 26.064 во САД, која со 614.246 случаи се на врвот на листата на заболени, пред Шпанија и Италија.

Во Македонија, заклучно со вчерашниот ден, регистрирани се 908 случаи на коронавирус, 44 лица починале, а 86 ја победиле болеста.

Г.М.