По повод верскиот празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, бродовите „Александрија“ во среда, 20 септември ќе пловат до манастирот во Калишта по симболична цена од 250 денари во двата правци (повратна карта).

Картите ќе се продаваат на градското пристаниште утре, 19 септември.

Поаѓањето за Калишта е од градското пристаниште во Охрид во среда во 19 часот, а терминот на враќање е околу 23 часот.

OhridNews