На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест, 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого”.

Во тие рамки денес, во 11 часот ќе се положи свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на општинскиот Црвен, а утре во 10 часот ќе се одржи Крводарителска акција во просториите на Факултет за туризам и угостителство. На 10 мај, во 10 часот, Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст

На сите новороденчиња родени во Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид во Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, и нивните мајки од страна на Црвен крст ќе им бидат додели пригодни и корисни подароци. Ќе се реализираат и работилници за дисеминација-ширењето на знаењата за Црвениот крст со членовите на Собранието и волонтерите на Црвен крст Охрид, а ќе бидат објавени и резултатите од ликовниот и  литературен  конкурс на тема Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство.

OhridNews