Бронзен медал за ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески” на 11 Меѓународен гастрономски натпревар на угостителските работници „Доживејте ги највкусните моменти” во Будва, Црна Гора.
Како дел од тимот на Гастромак-Македонија кој освои златен, сребрен и бронзен медал, ученичката бронзениот медал го освои во категоријата: готвење мени вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт.
Во тимот беше и Златко Танески исто така ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески”. По Меѓународните гастрономски натревари годинава во Србија и Турција каде што Анастасија Чутрова заедно со Кристијан Китанов освоија грст сребрени и бронзени медали, ова е трет висок успех на учениците од туристичкото училиште „Ванчо Питошески” на меѓународни гастрономски натпревари.
Настапите на натпреварите ќе продолжат и во иднина во сѐ со цел стекнување нови ве-штини и знаења за учениците.
OhridNews
















