Поранешниот министср за внатрешни работи и директор на бирото за јавна безбедност за време на насилните случувања во Собранието на Република Македонија, Митко Чавков, започнал штрајк со глад во притворот во Шуто Оризари. За тоа управата на затворот го информирале судот. Чавков во месец јули преживеа срцев удар.

Чавков беше приведен пред два дена, а судија во претходна постапка му одреди мерка притвор. Тој и уште 35 лица се товарат за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

OhridNews