По повод почетокот на рамазанските пости, честитка до граѓаните на Охрид од муслиманска вероисповед испрати градоначалникот Никола Бакрачески.

„На сите граѓани од Исламска вероисповед им го четитам почетокот на големиот пост, месецот Рамазан, со искрени желби припадниците на оваа мирољубива, хумана и човекољубива вера,  да го поминат во мир и спокој со своите семејства, пријателите, соседите… Во следниот месец на нашите комшии, пријатели, другари и побратими муслимани Севишниот нека им ги услиши молитвите и низ постот нека им помогне во духовното и телесно прочистување.
Охридските Муслимани како дел од нашиот град со векови се еден од столбовите на животот, опстојот и развојот на хуманото општество и традиционалните и позитивни човечки вредности во Охрид.

Во време на овој за нив свет месец , Севишниот нека ги услиша молитвите на нашите сограѓани Муслимани и нека даде здравје спокој и мир во нашиот сакан град Охрид , а сите нас да не постети на Божјиот благослов даден на нашиот град да биде дом на луѓе од различни вери и во него традиционално со векови да се негува меѓусебна почит и уважување меѓу луѓето.

– Почитувани сограѓани Муслимани,

Во име на функцијата на која се наоѓам, во мое лично име и име на моето семејство, на сите Вас во испраќам честитки за почетокот на месецот Рамазан.

Рамазан Мубарак!“ – се вели во честитката на градоначалникот Бакрачески.

OhridNews