Судот му изрече пресуда од четири години затвор за обвинетиот Панче Ангелов, кој на 27-ми април изврши насилство над тогашната пратеничка Радмила Шекеринска. При изрекувањето на пресудата, судот се водел по претходно дадено признание на вина од Ангелов, но и од потешките околности дека делото е извршено на јавно место и на подмолен начин.

Осудениот Ангелов по објавувањето на пресудата рече дека казната е превисока и дека ќе се жали до Апелациониот суд. Ангелов на претходното рочиште изрази жалење и каење за стореното дело и бараше судот да не му изрече затворска казна.

OhridNews
Макфакс