На државниот литературен конкурс – Творам за Македонија на тема „За тебе пеам, за тебе пишувам“ во организација на Меморијалниот центар фондација – Никола Кљусев, учениците Дајана Сиљаноска, Сергеј Костовски и Марија Петреска освоија четири признанија за нивните поетски творби под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски.

 

Учениците за награда се застапени како автори со своите литературни творби во книгата идзадена од организаторот.

И во иднина ќе продолжиме да го негуваме убавиот пишан збор и грижата кон македонскиот литературен јазик и литература, велат наградените ученици и менторот.

OhridNews