Во текот на изминатото деноноќие (26/27.04.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, вкупно девет лица не ја почитувале забраната за движење, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Од нив четири лица се од Охрид, две од Кичево и три од Дебар.

  • Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се евидентирани кражби и сообраќајни незгоди, наведува Димоски.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 103 лица во изолација (Охрид-69, Струга-23 и Кичево-11). Од страна на полициски службеници извршени се 80 контроли врз лицата во изолација (Охрид-69, Кичево-11). Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 300 лица (Охрид-29, Струга-239, Кичево-16, Дебар-16). Врз овие лица, извршени се 50 контроли (Охрид-23, Кичево-11, Дебар-16). Полициските службеници извршија 24 контроли на угостителски објекти.

Портпаролот Димоски информира и за поднесена кривична пријава против 48-годишно лице од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот на 31.03.2020 година во 01.20 часот, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење, поради заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, полициските службеници, во близина на селото го затекнале пријавениот како управува патнички автомобил. Истиот не поседувал соодветна дозвола за движење во време на полициски час.

OhridNews