По настапите на светските диџеј имиња Sasha, Victor Ruiz и Marco Bailey, летната сезона во клубот Rebel Ohrid продолжува со уште едно големо име од светската електронска сцена. На 8 август (сабота), пред охридската публика ќе настапи шведскиот диџеј, продуцент и основач на легендарниот музички бренд Tronic, Christian Smith.
Smith повеќе од три децении е едно од највлијателните имиња на светската techno сцена. Преку својата издавачка куќа Tronic, но и со изданија за реномирани етикети како Drumcode, Cocoon, Intec и Plus 8, тој изгради препознатлив музички израз кој ги поврзува techno, house и progressive звукот.
Неговите настапи се дел од програмите на најпознатите светски клубови и фестивали, а брендот Tronic Nights со години организира настани во музички центри како Берлин, Лондон, Њујорк, Детроит, Токио, Буенос Аирес и Ибица, каде Smith настапува со внимателно селектирани артисти од светската електронска сцена.
Гостувањето на Christian Smith претставува продолжение на летната програма на Rebel Ohrid, која оваа сезона донесе неколку ексклузивни настапи на светски познати диџеи, позиционирајќи го Охрид како една од најатрактивните летни дестинации за љубителите на електронската музика.
Настапот на Christian Smith е закажан за сабота, 8 август, со почеток во 23:30 часот, а организаторите очекуваат уште една вечер исполнета со врвен звук, силна енергија и атмосфера што ќе ја одбележи летната сезона во Охрид.
OhridNews Promo













