Еден од највлијателните артисти на современата техно сцена,  Кристијан Смит (Christian Smith), вечерва, 8 август, настапува во „Rebel Ohrid“, продолжувајќи ја серијата големи гостувања што клубот ги носи во Охрид ова лето.

Основачот на легендарниот „Tronic“ зад себе има повеќедецениска кариера и настапи на некои од најзначајните светски клубски и фестивалски сцени. Препознатлив е по звукот што природно ги поврзува „techno“, „house“ и „progressive“ правците, а неговото влијание одамна ги надминува границите на класичниот „peak-time techno“.

Вечерашното гостување доаѓа по настапите на Sasha, Victor Ruiz и Marco Bailey, со кои „Rebel“ ова лето го позиционира Охрид на мапата на актуелната светска електронска сцена.

Со Кристијан Смит во „Rebel“ пристигнува и духот на „Tronic“, еден од најдолговечните и највлијателните техно брендови, кој повеќе од две децении има значајна улога во развојот на електронската музика и промоцијата на артисти од различни генерации.

Christian Smith настапува вечерва во „Rebel Ohrid“, а почетокот на програмата е во 23:30 часот.

OhridNews