Во Кампот за обука на вода во Охрид денеска ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата, на која ќе присуствува државниот и воениот врв.

Во рамки на одбележувањето, собраниска делегација во состав Емилија Ангелова, Оливер Спасовски и Павле Арсоски денеска ќе положи цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на Гробиштата Бутел, како и на вечните почивалишта на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров и генералот Михаило Апостолски.
Официјалното одбележување на Денот на Армијата започна вчера со настани во Скопје и Штип.
OhridNews










