
Физичките лица кои согласно одредбите на овој закон вршат угостителска дејност се должни по истекот на важноста на Решението да поднесат ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување, информираат од локалната самоуправа.
Кон барањето се доставува; пријава до Државен пазарен инспекторат за исполнети минимално-технички услови, доказ за сопственост (имотен лист), или доказ за правото на користење, доколку се работи за селски домаќинства во кои се даваат услуги на издавање соби и апартмани и доказ за платена административна такса.
Барањето се поднесува во Секторот за туризам и ЛЕР со седиште во просториите над УНИ банка (втор спрат).
За физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети, а немаат решенија за категоризација или важноста на истите е истечена, согласно законот за угостителска дејност се преземаат прекршочни мерки.
OhridNews











