Од локалната самоуправа упатуваат апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел уредување на плажата која е една од најпосетените.

– Доколку сопствениците тоа не го направат сами, пловните објкети ќе ги отстрани ЈП „Охридски комуналец“, а трошоците ќе треба да ги платат сопствениците, потенцираат од локалната самоуправа.