На Охрид му треба елитен хотелски комплекс. Вака размислуваат поголемиот број од читателите кои учествуваа во анкетата што за свои потреби во изминатиот период ја реализираше OhridNews.
Повеќе или помалку дел од големите хотелски брендови со години се поврзуваа со Охрид. Државата во неколку наврати распиша тендер за продажба на атрактивни локации за изградба на елитен хотел во Охрид, но на конкретна реализација на таквата идеја се уште се чека.
За разлика од Охрид, во Скопје во изминатите години изградени се повеќе елитни сместувачки капацитети, а наскоро во главниот град ќе влезе и ланецот на познатиот светски хотелски бренд „Хилтон“. Според најавите „Хилтон“ ќе гради хотел со 170 соби во населбата Аеродром, чија вредност се проценува на околу 30 милиони евра. Во тек е изградба на хотелот „Мериот“ во строгиот центар на градот, а влез во метрополата најави и францускиот хотелски бренд „Ибис“.
OhridNews
Нова анкета на OhridNews: „Дали треба да се вратат рампите за влез во Стар град во лето?“












