Радиестезиските и геобиолошките мерења се единствениот веродостоен начин со кој може да се утврди  дали една локација е изложена на електромагнетни зрачења. Иако најголемиот дел од Охрид лежи на подземни води и е изложен на потенцијална опасност од елекромагнетни зрачења, охриѓани многу ретко прават вакви испитувања на земјиштето, пред да ги изградат своите објекти. Според податоците на „Институтот за геобиологија, археологија, хидрогеологија и екологија-ГАПЕ“ од Скопје, на земјиштето во Охрид најчето се вршени геобиолошки испитувања за научни цели.

На оваа тема разговаравме со д-р Стојан Велкоски експерт за заштита на животната средина и доктор по геопатологија, штетност и заштита од зрачење од институтот ГАПЕ.

OhridNews: Дали Институтот ГАПЕ има вршено геобиолошки испитувања во Охрид, на кој начин и за кои потреби се извршени тие мерења?

Мерењата се вршени пред 10 години, а тие беа спроведени со помош на синхрони аерокосмички и надземни методи, во кои покрај најпрецизни технички сретдства се користеа и радиестезиски-геобиолошки. Сите овие истражувања беа спроведени од Истражувачкиот центар „Сончев зрак“, а јас бев главниот истражувач. Тие истражувања се спроведени и во други градови како што е и Скопје и други за тогашните потреби за моите први докторски студии.

OhridNews: Какви се резултатите од тие испитувања, дали има конкретни параметри односно во кои делови на Охрид имаме најголемо нарушувања на електромагнетните зрачења и каде е најбезбедно за живеење?

Резултатите од истражувањата покажаа дека стариот дел од Охрид од геопатолошки аспект е на неутрална односно позитивна локација, споредбено со новиот дел каде што има изразито геопатолошки појави но и космопатологија кои се главните причини за појава на разни болести.

OhridNews: Како резултат на што се појавуваат овие електромагнетни зрачења?

Геопатологијата претставува засилено геомагнетно поле кое доаѓа од: геолошките пукнатини, геолошките раседи, подземни протечни води, концентрации на руди и минерали и др. Сите овие појави претставуваат причина за појава на геопатологија која по пат на бранови се пробиваат низ почвата и објектите и го загрозуваат живиот свет. Космопатологијата претставува космички извори на зрачења од кои трите космички мрежи и космичкиот рој опишани и можат да се видат како се поставени и на веб сајтот www.soncevzrak.com . Тие во зависност од озонската обвивка но и од густината на урбаната населба можат да бидат позачестени или по ретки.

OhridNews: Како ваквите зречења влијаат врз човекот?

Познато е дека на триљоните клетки во човечкиот организам, помеѓу другото основната функција им е размена на хемиската во електрична компонента, a тоа се случува со многу ниски електрични полнежи. Tокму тука геопатологијата и космопатологијата можат да е пореметат клеточната функција преку оптеретување во размените и основните клеточни функции. Како резултат на ваквите извори на зрачења се оптоварува клеточната функција се ствараат нови клетки со неправилна морфологија и функција се до посериозни последици. Најчестите симптоми на изложените на вакви зрачења се: поспаност, станување од спиење со главоболки или болки по телото, висок крвен притисок особено во утринските часови, кошмари, нервоза и слично.

OhridNews: Дали инвеститорите кои градат во Охрид бараат геобиолошки испитувања односно колку се заинтересирани да ги направат?

Тие кои се запознаени со оваа проблематика и најчесто кога градат објекти за своето семејство, а се запознаени со оваа проблематика и сакаат превентивно да си го заштитат своето семејство од непожелни трагедии и објектите ги заштитуваат уште од почетокот во градењето. Најчесто барателите на оваа услуга се лица кои се информирани за оваа проблематика и кои можат да сфатат дека зрачење постои и тоа може буквално да убива. Лицата кои не се доволно едуцирани за оваа проблематика тешко можат да сватат дека постојат такви зрачења и дека треба да си превземат соодветни научно-технички методи за заштита.

OhridNews: Освен со мерењата дали на друг начин може да се увиди присуство на електромагнетните зрачења?

Старите народи за избор на локација за градба на објект за живеење го користеле инстиктот од животните. Пуштале добиток во избраната локација и каде што ќе преноќевале коњите, кравите или овците тамо одлучувале да градат куќа. Сето тоа можеби било примитивно но во секој случај пресудно за станарите од објектот. Денес може да се види и со само една прошетка низ урбана населба и да се забележат некои појави за кои не сме си размислувале на пр: садници со тумори или нивно сушење без други причини, објекти каде што има зголемен број на смртни случаи и слично.

OhridNews: Кои превентивни мерки може да се преземат за заштита од ваквите видови на зрaчења?

Заштита постои, но за жал имаме слаба информираност и едукација, па за тоа граѓаните почесто можат да бидат и измамени. Не треба граѓаните да пристануваат да вградуваат некои сомнителни заштитни сретства зад кои не стои соодветно стручно лице или институција по таа проблематика. Во поголем дел граѓаните се измамуваат со разни плацебо приправени елементи кои најчесто немаат скоро никаква заштита. Институтот за геобиологија ГАПЕ од Скопје заедно со Сончев зрак вршат професионална и стручна заштита итоа со поларизирани мрежи и спирали во процесот на градба или отпосле со помош на неутрализатори трансформери Био-СПХ, по секоја заштита може да се издаде и соодветен докомент потпишан од геопатолог.

Е.М