„Подобро би ја скршил оваа чаша и би си ги пресекол вените“. Вака одговорил актерот Даниел Крег на прашањето на новинар на британскиот магазин „Time out” дали повторно ќе се појави во улога на тајниот агент Џејмс Бонд. 

Крег четврти пат ќе го игра  Бонд во филмот „Spectre”. Според најавите тоа ќе биде негово последено појавување во филмскиот серијал за најпознатиот агент на светот. 

Актерот во интервјуто рекол дека во 24-то продолжение на филмот ја вложил секоја идеја која ја имал додавајќи дека не му текнува што уште Бонд може да направи, освен да отиде во вселената.


Трејлерот за филмот „Spectre”

OhridNews