На продолжението на вонредниот конгрес на ССМ што се одржа денеска во Скопје, за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија е избран досегашниот цршител на должност Дарко Димовски. За Димовски гласале 68 од 108 присутни делегати.

Вонедниот конгрес инаку започна во Охрид, но беше прекинат со цел да им се овозможи на противкадидатите на Димовски кој тогаш беше единствен кандидат, да ја достават својата кандидатура. Но незадоволство имаше и денеска, а кандидатот Пецо Грујовски од УПОЗ го напушти конгресот непосредно пред гласањето.

OhridNews