Инцидентот се случил попладнево околу 13.30 часот во Пештани. Давеникот, инаку жител на Скопје на околу 37 години, од водите на Охридското Езеро го извадил жител на Пештани. Веднаш бил реанимиран по што со возило на брза помош бил пренесен во општата болница во Охрид каде е хоспитализиран и се бори за живот.

Од СВР Охрид повеќе информации за случајот најави за утре.

OhridNews