Делегација на Општина Охрид во чиј состав беа советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски беа во работна посета на Будва и Котор, каде остварија средби со градоначалникот на Општина Котор, Владимир Јокиќ и со претседателката на Советот, Маја Мршуља.
Градоначалникот Јокиќ истакна дека е горд на воспоставените релации со градот Охрид и останатите збратимени и пријателски градови и дека во иднина соработката ќе добие се покреативен облик. Охридските и останати претставници на збратимените градови ја потврдија својата приврзаност кон понатамошниот развој на воспоставената соработка, информираат од Општина Охрид.

OhridNews











