Во саботата околу 23 часот во Скопје, на улица „Радишанска“ се искршени четири прозорци на штабот на политичката партија „Обединети за Македонија“.
Во неделата во 11 часот во полициската станица во Прилеп било пријавено дека било искршено излогното стакло на објектот наменет за штаб на СДСМ, на улица „Јоска Јорданоски“.
Истиот ден во периодот од 23 до 4 часот во селото Долно Количани, скопско во куќата каде што е сместен партискиот штаб на СДСМ, било оштетено едно прозорско стакло.
Денеска пак околу 4:40 часот во истото село искршено е стакло од партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Во сите случаи, сторителите се непознати, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.
извор: „Макфакс“










