Мирни протести се одржаа вечерва во Скопје, Струмица и  Прилеп, во знак на протест за убиството на Мартин Нешкоски во 2011 година и начинот на кој се расветли овој случај, по наводите кои во јавноста ги изнесе опозицијата преку таканаречените политички бомби во вторникот.

Демонстрантите со гумени бомбони ги почестија полицајците кои го обезбедуваа протестот и им го честитаа денот на полицијата. И вечерва седиштето на владата го обезбедуваа силни полициски сели поради што демонстрантите се упатија кој јавното обвинителство, од каде заминаа пред владата, каде со транспаренти и скандирања го искажаа својот револт.

Tелевизија Телма вечерва јави дека демонстрантите ги блокирале раскрсниците кај Градска хирурша болница и Црвен крст во центарот на Скопје. Блокиран бил сообраќајот и околу владината зграда и Соборниот храм. Некои од минувачите се жалеле дека полицијата не дозволува ниту на станарите од околните згради со возило да си одат дома.

Протести вечерва имаше и во Струмица и во Прилеп.

OhridNews
извор: „Телма“