Денес ќе биде поставен камен темелник на новиот производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ Охрид во индустриската зона на улицата „15 Корпус“. Воедно, ќе биде потпишан и Договорот за стратешко партнерство со Владата на Република Северна Македонија. На настанот најавено е присуство и на премиерот Христијан Мицкоски.
Овој значаен настан претставува ново поглавје во развојот на нашата компанија и важен чекор кон понатамошното зајакнување на македонската индустрија. Со оваа инвестиција „АСП ПАК“ ја потврдува својата долгорочна определба за развој, модернизација, отворање нови можности и унапредување на домашното производство, велат од компанијата.
Охридската компанија за производство на амбалажа за пакување на земјоделски производи и заштитни мрежи „АСП ПАК“, како старт ап фирма поддржана од Светска банка, започнува со работа во 2000 година, тогаш ориентирана главно кон домашниот пазар и соседните земји, за да низ годините се преобразува во глобална компанија. Денес е еден од главните добавувачи на пазарите во Европа, вклучително и американскиот, како и пазарите во Јужна Африка и Израел.
OhridNews












