Во родното село на големиот македонски писател Живко Чинго, Велгошти, денеска  ќе се одржи  21-та Вечер на Чинго.

Во рамките на оваа културна манифестација ќе му биде врачена наградата на добитникот на Конкурсот за најдобар расказ што по повод годишнината од смртта на писателот го организира Општина Охрид. Годинава добитник на првата и единствената награда во износ од 30 илјади денари е авторот под шифра “Осветлувач” за расказот “Будење”.

Предвидена е и богата културно-уметничка програма.

А.Р.