Денеска е неработен ден за припадниците на православната вероисповед, а сите останати кои се вработени во државната администарција треба да се појават на работните места, соопшти владата.
Остануваме на ставот дека оние кои што нема да се појават на работните места, а се должни да се појават ќе бидат санкционирани, рече владиониот портпарол Боцевски спроти празнувањето на верски празник Духовден.
За време на велигденските празници кои исто така беа неработни за православните верници дел од државните институции комплетно не работеа, а Трудовиот инспекторат не ја санкционираше таквата појава.
Инаку духовден за прв пат од оваа година е неработен ден за православните верници, согласно новиот закон за празници, донесен неодамна од Собранието.