Свети Григориј се роди во Декаполис, во Исаврија. Родителите му беа угледни и побожни луѓе. Кога навлезе во машка возраст, тие сакаа да го оженат, но Григориј побегна и набргу се замонаши.

Неговата слава како подвижник и чудотворец беше голема, насекаде каде што одеше. Живееше во Византија, во Рим, на гората Олимп. Се успокои во Цариград во деветтиот век, во длабока старост.

OhridNews