Света Ефимија беше родум од Халкидон. Родителите и беа христијани, а татко и покрај тоа беше сенатор. Во времето кога Ефимија веќе беше пораснала во прекрасна девојка и по дух и по тело, антипатот Приск одреди обилно жртвопринесување во Халкидон.
Четириесет и девет христијани, меѓу кои и Ефимија, се засолнија од градот, зашто не сакаа да учествуваат во овој бесмислен колеж. Меѓутоа, војниците ги пронајдоа и ги доведоа пред антипатот. А овој цели 19 дена смислуваше и спроведуваше најразлични мачења врз нив. Дваесеттиот ден беше изведена пред него и свети Ефимија. Приск се обиде најпрвин да ја придобие со ласкање, но кога тоа не му успеа, ја предаде на мачење. На примерот на св. Ефимија се исполнија Христовите зборови: на змии ќе газите и ќе останувате неповредени, бидејќи таа чудесно поминуваше низ сите мачења.
Најпосле ја фрлија на ѕверовите и тука свети Ефимија го предаде духот на Бога. Чесно пострада за Христа во 304 година.
Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во рамките на Словачката вечер на фестивалот „Охридско лето“ Овој состав го соч...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО предложи Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност Одлуката треба да биде донесена на 48-та сесија што се одржува во Бу...
Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.