На третиот ден од Божик, се одбележува празникот посветен на маченикот Св. Стефан. Традиционално овој празник најсвечено се одбележува во манастирот Св. Стефан во истоимената населба крај Охрид, каде утрово се одржува света литургија.

За манастирот:

Пештерната црква „Св.Стефан” датира од IX век и единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци кои се реновирани, а изградени се и нови.

Поради својата добра местоположба и прекрасниот поглед, овој манастир се поинтересен станува и за туристите. Верниците, пак, кои доаѓаат тука и го почувствуваат духовниот мир посакуваат повторно да се вратат и да престојуваат во манастирот.

OhridNews