Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето под мотото „Користи срце, знај за срцето“. Овогодинашната кампања се фокусира на суштинскиот чекор прво да ги запознаеме нашите срце, затоа што само тоа што го познаваме добро можеме да го заштитиме и сакаме, велат од Центар за јавно здравје Охрид.
20,5 милиони изгубени животи секоја година во светот се поради кардиоваскуларни заболувања. Дури 80% од нив може да се спречат со избегнување на ризик факторите на кои можеме да дејствуваме, информираат од Центарот за јавно здравје.
Во ризик факторите ги посочуваат дебелината, стресот, нездравата храна, висок холестерол, висок крвен притисок, штетна употреба на тутун и алкохол, сиромаштијата, фамилијарна историја, загадена животна средина.
Во светот каде што знаењето за здравјето на срцето е ограничено, а политиките недоволни или недостигаат, имаме за цел да ги урнеме бариерире и да ги поттикнеме поединците да преземат контрола врз нивната благосостојба, додаваат од Центарот за јавно здравје.
OhridNews











