Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против десет лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За сите обвинети, струшкото обвинителство му предложи на судот да им изрече парични казни, со определување на висината на паричните казни на по 100 дневни глоби, секоја од нив со вредност од по 30 евра во денарска противвредност.

Обвинетите во одделни настани не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на држацста, па за време на полицискиот час се движеле пеш или со возила низ Струга и околината, соопшти Јавното обвинителство.

OhridNews