Деветгодишно девојче загина во пожар којшто избувнал во вчера вечерта во стан во скопската населба Чаир.

Според информациите на МВР, пожарот избувнал синоќа околу 23.30 часот на улица „Емин Дураку“ во стан во близина на поликлиника Чаир.

Во пожарот починало деветгодишно девојче, а неговиот татко, уште еден член на семејството и две сосетки се повредени и пренесени во Специјална болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Противпожарните единици го локализираа пожарот. СВР Скопје се уште врши увид на местото на пожарот и се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот.

OhridNews

Извор:„Макфакс“